„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ивана Трамп е пронајдена онесвестена на дното од скалите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Ivana-Tramp

Ивана Трамп почина ноќта пред да замине на одмор на Азурниот брег во Санкт Петербург, изјави нејзината најдобра пријателка, пишува Мирор.

— реклама —

Ники Хаскел рече дека ова требаше да биде прво патување на Ивана од избувнувањето на коронавирусот во 2020 година. Таа додаде дека поранешната сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп речиси не ја напуштила куќата од почетокот на пандемијата, бидејќи се плашела да не се зарази со вирусот.

Хаскел рече дека Ивана, која ненадејно почина од срцев удар на 73-годишна возраст во нејзиниот стан во Њујорк, конечно е подготвена повторно да патува. Таа рече дека „со нетрпение чека да оди во Европа“ и дури откри дека неодамна разговарале за заедно патување низ светот. Дејли Мејл пишува дека смртта настапила само неколку часа пред таа да закаже во фризерскиот салон.

— реклама —

-Таа требаше да оди во Сент Тропе. Тоа требаше да биде нејзино прво патување по пандемијата. Се плашеше да не го добие вирусот – изјави американската ТВ водителка за Пејџ Сикс.

– Таа ми беше најдобра пријателка. Ја запознав ноќта кога го запозна Доналд. Не можам ни да ви кажам колку беше фантастична, само одлична пријателка и најневеројатна, најинспиративна личност“.

– Размислувавме овој јануари да патуваме низ светот. Едноставно не ми се верува.

Ивана Трамп е пронајдена онесвестена на дното од скалите во нејзиниот стан на Менхетен, пишува АБЦ Њуз.

Полицијата истражува дали таа паднала и дали падот на некој начин придонел за нејзината смрт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tramp-sinovite-i-ivanka-tramp

Иванка Трамп се огласи со кратка порака на Инстаграм по пресудата на нејзиниот татко

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања