Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Иванка Василевска: Оливер Спасовски сеуште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ivanka

МВР на Оливер Спасовски речиси две недели сеуште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. За ваше потсетување Владимир Лазовски, заменик министерот за култура во Владата на Заев направи сообраќаен прекршок со којшто злоупотреби службено возило за којшто не поседуваше документација за дозвола за управување, понатау загрози човечки живот и причини материјална штета на недолжен граѓанин на Република Македонија кој ги почитува сообраќајните прописи и злоупотребувајќи ја својата позиција и својата функција покажа уште еднаш демонстративно дека оваа Влада својата неинвентивност ја користи на начин што предизвикува насекаде нереди и хаос со којшто го загрозува животот на македонските граѓани, истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

МВР и Спасовски како и заменик министерот за култура, Лазовски треба да знаат дека тие се избрани од граѓаните како што не се и ќе заминат со одлука на граѓаните какошто треба и оттаму сакаме да потсетиме и да запрашаме дали метлата којашто ја понуди Драган Спасов-Дац кој пред речиси пред неполна година исто така во пијана состојба како висок државен функционер направи тешка сообраќајна несреќа, а сега демонстрира чистење или метла или исправување во редовите на СДСМ и оваа ненародна власт. Дали навистина овој перформанс ќе го опфати Лазовски како и Зоран Заев кој дозволува да се случуваат вакви неправилности во македонската држава?

— реклама —

Ве повикувам на одговорност, ве повикувам на совесност и посакуваме да се разјасни случајот со најдобри намери за Република Македонија, истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања