Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Иванов се повлекува од уредничкото место во ТВ24 оти жена му сега е политичарка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mishko-ivanov

Новинарот во ТВ 24, Мишко Иванов, објави дека се повлекува од уредувањето вести и водењето политички емисии, поради политичкиот ангажман на неговата сопруга, Татјана Стојановска Иванова, која од неодамна е член на ИО на СДСМ.

,,Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања. Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водам политички и економски дебати.. Останувам во ТВ 24 и фокусот кон насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до Успехот“, емисија наградувана, гледана и респектирана, што ми е посебна сатисфакција. Оваа одлука ја донесов веднаш по прифаќањето на политичката функција на мојата сопруга. Ја објавувам денес, чекајќи да видам до каде ќе отидат со плукањата моите колеги.

— реклама —

Благодарност од менаџментот и уредничкиот тим на ТВ 24 кои најдоа разбирање за оваа моја одлука. Новинар сум бил, новинар и ќе останам и никокаш нема да дозволам да се судрам со моралот и етиката.

— реклама —

П.С Иако, сите напади изминатиов период ги доживеав смирено. Сепак не очекував дека најжестоките ќе бидат од блиски пријатели. Ова е добра поука во животот за да дознаеш навистина кои ти се вистински пријатели. Ова се однесува и за колегите новинари со некои од нив долго време соработував и знаејќи ме како човек сепак се обидоа да удрат по мојот интегритет..Јас сум чист пред себе, дали сте Вие? Во моментот, досега можам единствено да се заблагодарам на коректноста на Канал 5 ТВ…

— реклама —

Поздрав и гледајте Патот до успехот на ТВ 24….“-напиша Иванов на својот ФБ профил

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања