„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Иванов со највисоки државни и воени почести примен од чешкиот претседател, Милош Земан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
dgZpG-

Претседателот Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, ќе оствари средби со претседателот на чешката Влада, Андреј Бабиш и со претседателот на Пратеничкиот дом, Радек Вондрачек.

— реклама —

Вчера, Иванов со највисоки државни и воени почести беше примен од чешкиот претседател, Милош Земан. По средбата, коментирајќи го неуспешниот референдум од 30 септември, претседателот Иванов повика на одговорност.

— реклама —

„Фактот е дека ние имаме неуспешен референдум. Која и да е друга интерпретација не може да ги промени бројките кои се фиксни и се знаат. Затоа јас повикав на одговорност. На сите што ја посетија Македонија, а имавме многу странски претставници кои во изминатиов период ја посетија Македонија, им укажував дека до ова ќе дојде. Затоа што не може Европската Унија и НАТО да биде алиби за лош и штетен договор. Не можете да прифаќате договор во кој постои одредба дека ќе се оди на референдум, а вие да не обезбедите национален консензус во државата. Не можете да прифатите промена на Уставот, без да обезбедите дво-третинско мнозинство во Парламентот. Затоа посочив дека за ова треба некој да одговара, а одговорноста се знае чија е. Што побргу дојдеме до одговорност, толку полесно можеме да го продолжиме овој процес кој е многу чувствителен, многу комплексен и кој ја држи Македонија веќе 27 години заложена од ирационални барања на нејзиниот јужен сосед”, изјави претседателот Иванов по средба со чешкиот претседател Земан.

Запрашан за коментар за Договорот со Грција, чешкиот претседател Земан изјави дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија, но ги повика двете страни да продолжат со преговорите. ,,Тоа може да трае долго, но се надеваме дека овој спор ќе успеете да го решите,” изјави Земан на прес-конференцијата.

Вчера вечер во Прага, претседателот Иванов оствари средба и со претседателот на чешкиот сенат, Милан Штех.

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, денеска, во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања