Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Иванов: Светот станува сѐ помалку демократски, земјите кои се движат кон авторитаризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Gjorge-Ivanov1

Претседателот Иванов се обрати во Обединетите нации во Женева на панел за права на идните генерации кој беше дел од 27-миот Состанок на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави што се одржа во Женева во периодот 11-12 јануари 2024 година. Главната тема на настанот беше „Иднината на мултилатерализмот: Самит за иднината и потребата од нов глобален договор за меѓународна соработка“ во функција на подготовка на претстојното Генерално Собрание на Обединетите нации на кој ќе се одржи Самитот за иднината.

— реклама —

Во обраќањето, претседателот Иванов рече дека општ заклучок на сите годишни извештаи и демократски индекси е дека светот станува сѐ помалку демократски. Демократијата секаде се соочува со опаѓање, а автократијата е во пораст. На глобално ниво, бројот на земјите кои се движат кон авторитаризам, во последните шест години е двојно поголем од бројот на земји кои се движат кон демократија. Се влошуваат граѓанските слободи и владеењето на правото, а авторитарните влади стануваат сѐ повеќе репресивни.

— реклама —
— реклама —

На состанокот на високо ниво кој се одржа во Канцеларијата на ОН во Женева учествуваа г-ѓа Татјана Валоваја, генерален директор на Канцеларијата на ОН во Женева; д-р Тедрос Гебрејесус, Генералниот директор на СЗО; Филипо Гранди, високиот комесар на Агенцијата за бегалци на ОН; Генералниот директор на Светската трговска организација; претставници од Женева на УНДП и на ИОМ, МОТ, УНАИДС и ИТУ. Исто така, на настанот учествуваа и поранешни претседатели и премиери и други високи претставници на меѓународни организации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања