Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Иванов за Водици: Бог да ни даде сила пред сите искушенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ivanov

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.

„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на ценетото свештенство, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици.

— реклама —

Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, го прославуваме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме нашата вера. Со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик се осветува човековото живеење во верата и богоугодниот пат.

На овој голем ден треба да ги зацврстиме основите на нашето верување, да го зацврстиме нашето единство, да се почитуваме, да си помагаме, да продолжиме по патот на успехот и просперитетот на нашата татковина.

— реклама —

И годинава на Водици, да се помолиме Бог да ни даде сила да истраеме пред искушенијата и надеж за подобро утре.

Нека Бог ги чуе нашите молитви и во домовите на сите верници нека владее хармонија, разбирање и љубов, бидејќи само сплотени и единствени ќе успееме да чекориме по божјиот пат“, пишува во честитката на претседателот Иванов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања