Ивона Талевска раскажа за односите меѓу Камчев, Груевски и Мијалков: Не е едноставно да се биде премиер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ivona-talevska-man

Новинарката Ивона Талевска беше сведок на рочиштето за предметот „Плацови на Водно“. Таа раскажуваше за текст кој го пишувала пред скоро десет години, а бил за преземањето на просториите од државната кардиохирургија. Преку ова, сакаше да ги објасни кои биле релациите меѓу бизнисменот Орце Камчев и експремиерот Никола Груевски.

— реклама —

Па така, таа кажа дека барала информации од тогашниот министер за здравство, но бидејќи тој не бил во земјата, добила средба кај тогашниот премиер Никола Груевски. Со него разговарала за темата за која пишувала, па добила впечаток дека тој бил во лоши односи со Камчев, обвинет во предметот „Плацови на Водно“.

— реклама —

Таа се присети на периодот, па објасни дека објавила наслов: „Камчев ја лути Владата“. По ова, Талевска посочи дека имала контакт и со Камчев, кој и бил многу лут. Прашања до Талевска имаше и самиот бизнисмен. Тој низ прашање, посочи дека имал докази дека во тој период, Груевски нарачувал текстови против него.

— реклама —

На крајот, Талевска беше испрашувана и од судијата Илија Трпков. Него го интересираше какви биле односите меѓу обвинетиот Сашо Мијалков и Орце Камчев во истиот период, кога веќе знаела какви се односите меѓу Груевски и Камчев. На Талевска прво не и беше јасно прашањето, па судијата го повтори. Па така, таа оцени дека не биле многу добри.

Судијата Трпков потоа ја праша Талевска и за односите на Груевски со Мијалков, а таа во одговорот додаде и: „Не е едноставно да се биде премиер“, објаснувајќи како работел Груевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања