Ивор Мицкоски на Фејсбук реагира на појавувањето на политичкиот врв на вчерашната воена вежба во Криволак.
„Остајте им ги шлемовите на војниците и на генералите, тој шлем е дел од униформа која не ѝ припаѓа на власта, туку на државата.
Во диктатурите, тираните секогаш носат униформа, или симболичен дел од неа“. Во статусот во целот Ивор Мицкоски пишува:
Договорот со Грција е една од најдобрите работи што се случиле во МК и регионот.
Тоа се слави, не со шлемови да глумиш нешто што не си. Остајте им ги шлемовите на војниците и генералите, тој шлем е дел од униформа, која не и припаѓа на власта, туку на државата.
Во диктатурите, тираните секогаш носат униформа, или симболичен дел од неа.
Од демократите и просветлените социјалисти, само Черчил и Тито ја имале таа чест, на една небанална и директна идентификација со војската и со државата.
Ќе речат на вежба биле, па заштита. Јебеш тоа. Ќе речат институционална поддршка. Јебеш и тоа.
Смешни сте, правите политичка пропаганда и тоа е премногу очигледно.
Не делувате авторитарно, да се разбереме, ама ептен самобендисано и смешно.
* во воени услови, на воено поле, политичкото лидерство да не се разликува од војниците, не е обична формалност, туку безбедносна мерка.
Ова е само вежба другари...
