„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ИВЗ ги повика верници од вторник во џамија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Од 12 мај, Исламската верска заедница ги отвора џамиите за молитви, одлучиле 13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи на вчерашниот состанок. Тоа значи дека од вторник, сите верници можат да одат на колективни молитви во џамиите. Тие велат дека одлуката ја донеле, врз основа на фактот што во земјата се намалил бројот на заразени од коронавирусот. Отворањето на џамиите следува по вчерашната литија одржана во Струга, а организирана од МПЦ, каде стотици верници излегоа на улиците.

— реклама —

„Вреди да се напомене дека во текот на суспензијата на колективните молитви во џамиите, ИВЗ строго ги спроведе препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението, свесна за последиците. ИВЗ е единствената верска институција во земјава која јавно побара од исламските верници да се придржуваат кон препораките за одржување на здравјето, иако ниту еден од надлежните органи не даде позитивна оценка за нас, туку напротив, некои кругови блиски до Владата постојано ја напаѓаа ИВЗ и лидерот на ИВЗ“, пишува во објавата на ИВЗ.

Одлуката донесена од ИВЗ се применува од нејзиното донесување, информираат оттаму, додавајќи дека се надеваат оти одлуката на Ријасетот ќе наиде на разбирање кај државните органи.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања