ИВЗ го оживеа коронавирусот откако разрешениот реис го умре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
58870241_811574432555257_8610594887932313600_n

Новиот в.д. реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, посочи дека коронавирусот е вистински и опасен, за разлика од неговиот разрешен претходник, Сулејман Реџепи кој го прогласи вирусот за мртов. Фетаху пред новинарите кажа дека ИВЗ не е компетентна институција да збори за вирусот, ниту пак, сакаше да каже дали Реџепи е разрешен поради тоа што оженил млада жена или финансиското работење.

— реклама —

„ИВЗ од првиот момент е во служба со цел да замине оваа болест која е вистинска, бидејќи сите компетентни органи, потврдиле во целиот свет дека оваа болест постои и многу е опасна. И нема шега со оваа работа. Ние сме верска институција. Не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или невистинска. Ние одиме кон компетентноста. Институциите кои се професионални потврдиле дека постои, посебно по следните моменти, во неколку градови каде почнала да се шири со поголема брзина“, рече Фетаху.

Според него, во сите џамии се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, потенцирајќи дека: „Во оваа борба, како ИВЗ, влеговме со зборовите ‘Страв не, но голема свест против оваа болест-да’. Мора да се бориме со сите сили оваа болест да се надмине“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања