Затвореникот кој денеска успеа да и избегал на македонската полиција додека беше пренес уван од Клиничкиот Центар во Скопје до затворот Идризово, бил осуден на 7 години и 7 месеци затвор за повеќе тешки кривични дела. Стражарите застанале на враќање да си купат сендвичи на бензиска по што осуденикот Фидан Асани избегал од комбето. За Асани не било тешко да излезе од комбето во кое се превезувал, бидејќи не бил ниту соодветно врзан. Бегството го сторил токму кај средното училиште Михајло Пупин, каде затворските стражарите застанале за доручек. Тој со мал напор успеал да ги отурне и се дал во бегство.
Директорот на затворот Идризово за Сител истакна дека се работи за чиста немарност на вработените бидејќи истите излегле од рутата. Настанот се случил додека се враќале од Комплекс Клиники Мајка Тереза каде го носеле затвореникот на редовен лекарски преглед. Оттаму наместо по стандардната рута, тие скршнале од патот, застанале на бензиската Макпетрол за да си купат сендвичи. Сите ќе бидат суспендирани, истакна за Сител директорот на затворот.
Се работи за лице осуденик на 7 години и 7 месеци казна затвор за сторени кривични дела предизвикување општа опасност, насилство и за криумчарење мигранти.По него сега повторно трага полицијата. Асани одлежал само 1 година и 5 месеци во затворот Идризово.