Државната изборна комисија е подготвена за каков било изборен модел кој ќе го договорат партиите за следните избори. Подготвени се и за отворени листи и за измени во процесот на гласање во дијаспората. Сепак велат дека ништо не зависи од нив.
Иако се формираа работни групи, се водеа преговори меѓу најголемите политички партии сепак не успеа да се најдат на иста страна и да се направи измена на Изборниот законик со цел поголема демократизација на изборниот процес.Од најголемата опозициска партија, ВМРО ДПМНЕ велат дека на два месеци пред формирање техничка Влада не можно е да се влезе во промена на Изборниот законик за да се менува модел за избор на пратеници.
Додека Владејачката СДСМ нудеше отворени листи и една изборна единица.
Од коалицискиот партнер на власта ДУИ се на линијата на ВМРО-ДПМНЕ. Промена на изборниот модел во една изборна година е недозволиво. За нив добар е постоечкиот модел со 6 изборни единици. Опозицијата пак во албанскиот блок е за промена. Алијансата на Албанците на Села излезе со сосема друг предлог- формирање осум изборни единици. Од БЕСА пак бараат да се гласа во 3 наместо во 6 изборни единици, со отворени листи.
Неодамна, неколку помали политички партии, поддржани од претседателот Стево Пендаровски, ја отворија дебата за промена на изборниот модел со прецизно барање – Македонија да биде една изборна единица. Но партиите сеуште не се договориле дали тоа ќе се случи сега пред овие избори, или пак најавите ќе останат празни ветувања како и пред секој избоорен циклус.