Вториот круг претседателски избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК. Со најголем број домашни набљудувачи ќе биде застапена граѓанската асоцијација МОСТ или нешто повеќе од 1.500 набљудувачи кои на терен будно ќе ги следат гласањето, можностите за какви било изборни нерегуларности.
На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 насто од вкупниот број на гласачки места.
Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ. Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија.