Промени тема
Контакт

„Изборниот законик може да се донесе само низ дијалог и консензус на сите засегнати страни“, вели Тупанчески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари работна средба со експертите од ОБСЕ/ОДИХР, Кеара Касталдо и Раул Мусеран на која се разговараше за подготовките на нов Изборен законик.

— реклама —

Министерот Тупанчески ги презентираше активностите кои ги презема министерството во насока на формирање работна група која ќе треба да го подготви новото законско решение.

— реклама —

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР беа информирани дека и покрај фактот што ВМРО ДПМНЕ се уште нема делегирано свој член, работната група ќе се конситуира во најскоро време, а поканата за учество останува и натаму отворена.

— реклама —

,,Изборниот законик може да се донесе само низ дијалог и консензус на сите засегнати страни . Во него мора да бидат внесени сите досегашни препораки кои ОБСЕ/ОДИХР ги имаа во изминатите изборни циклуси“рече Тупанчески.

— реклама —

Експерите од ОБСЕ/ОДИХР изразија подготвеност да го поддржат целиот процес на изработка на новиот Изборен законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања