Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Избрани и замениците-министри во Владата од 16 ресори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.52.49

Собранието на Република Северна Македонија попладнево ги избра заменик-министрите во преодната Влада, која, пред парламентарните избори годинава, ќе ја предводи Талат Џафери.

Со 66 гласа „за“ пратениците, во рамки на 142. пленарна седница ги изгласаа кандидатите за заменик-министри што ги предложи Џафери, откако денеска, на 141.седница, беше избран за претседател на Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Освен заменик-министри во 16 ресори на Владата, Џафери предложи и дополнителни заменик-министри во пет министерства. Станува збор за министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за финансии, за земјоделство, водостопанство и шумарство и за информатичко општество и администрација, предвидени со Законот за Влада, во делот кој се однесува на составот на преодната Влада, која се избира 100 дена пред парламентарни избори.

— реклама —

Во почетокот на 142.седница, Собранието го верификува и мандатот на новиот пратеник од петтата изборна единица - Муса Ибраими, кој влегува на местото на Талат Џафери, кому, пак, му престана пратеничкиот мандат со изборот за претседател на Владата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања