„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Избрани најиновативните компании – наградени со по 200.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Izbor-za-najinovativni-kompanii-8

Во хотелот „Александар палас“ се одржа манифестацијата „Иновативно претпријатие на годината 2019“, која има за цел да ги промовира и награди македонските претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење, да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии во сите индустриски сектори.

— реклама —

На оваа манифестација беа прогласени најиновативните старт–ап мала и средна компанија, кои беа наградени со по 200.000 денари, средства обезбедени со поддршка на Град Скопје.

— реклама —

Наградите ги додели Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, коj им се обрати на присутните.

- Град Скопје, како покровител на овој настан, се стреми да ги мотивира претпријатијата да се борат да бидат препознатливи како на домашниот, така и на странскиот пазар, преку учество на интернационални саеми и конференции, брендирање и промоција на иновацијата, заштита на интелектуалната сопственост, инвестирање во нова технологија итн. Наша обврска е да ги промовираме успешните бизнис модели и достигнувања од македонските компании во сите индустриски сектори. Се надевам дека „Иновативно претпријатие на годината“ ќе прерасне во традиционална манифестација која ќе ги промовира македонските успешни приказни уште многу години – кажа Тодоров.

Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината 2019“ се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведуваат Фондација „Претприемачки Сервис за Млади“, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања