„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Избрано ново раководство на МАНУ, претседател ќе биде академик Љупчо Коцарев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
manu

Љупчо Коцарев од јануари следната година ќе биде претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Коцарев го наследува академик Таки Фити. За нов претседател на МАНУ е избран академик Љупчо Коцарев, професор на ФИНКИ, а за потпретседатели академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам. Научен секретар на Академијата ќе биде Изет Зекири.

— реклама —

На Изборното собрание за членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.

Љупчо Коцарев е роден на 25 февруари 1955 година во Скопје. Тоj e македонски научник и професор од областа на физиката, техничките науки и компјутерските науки. Член на МАНУ.

— реклама —

Основно, средно и високо образование (Електротехнички факултет) завршил во родниот град. Магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во периодите од 1985 до 1999 година и од 2007 до 2011 година бил вработен на Електротехничкиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од формирањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во 2011 година до денес е вработен на истиот. Од 1999 до 2016 година бил вработен на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, САД. Остварил студиски престои во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија и Јапонија. Во 2006 година е избран за fellow на IEEE (член на Друштвото на електроинженерите во САД). За член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав е избран на 27 мај 2003, а за редовен член на 1 мај 2007 година.

Научниот интерес на академик Љупчо Коцарев е широк, опфаќајќи повеќе подрачја од физиката, техничките науки, и компјутерските науки.

Во 2019 година, Коцарев ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања