29-годишниот стумичанец, Марко Давчев, кого семејството го бараат преку јавна објава, но и со полициска пријава, не е во државава. Излезот бил три дена пред да биде пријавен за исчезнат.
„Извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Струмица.
Претходно посочија дека случајот им бил пријавен.
„Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање“, додава МВР.
(Фото) Ни траг ни глас веќе една недела: Исчезна млад струмичанец, јавно се бара помош
Ни трага ни глас веќе една недела нема од 29-годишниот Марко Давчев од Струмица. На страницата „Струмица денес“ се споделува апелот од неговото семејство доколку имате било каква информација да пријавете во полиција.Неговото изчезнување во полиција било пријавено на 9 декември годинава.На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во билтенот на МВР.
Македонија | пред 2 години