Во Хрватска на сила е црвен метео тревог поради ураганските ветрови во регионот на Риека, Кварнер и Велебитскиот канал, а многу патишта се целосно затворени или за одредени категории возила.
„Можни се удари и до 200 километри на час“, пренесува Index.hr.
Во останатиот дел од земјата важат жолти и портокалови предупредувања, исто така поради бурните ветрови, додека во Славонија, во Загреб и Карловац и на планините, жолт аларм е во сила поради можен снег.
Поради невремето патниот правец А1 меѓу Свети Рок и Поседарје е целосно затворен за сообраќај, додека на повеќе патни правци забраната за движење е на сила за двокатни автобуси, мотоцикли и возила со приколки.