Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Издадена осмата поштенска марка посветена на децата со ретки болести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarya57tddfivqoo8D2DNf7

Официјално излезе осмата поштенска марка посветена на децата со СМА, што здружението „Ретко е да си редок“ ја опишува како симбол на долгогодишна борба и подигнување свест за ретките болести. Проектот трае осум години во месецот на ретки болести, а Македонија е претставена како единствена земја што ја пренесува оваа порака преку марки. Иницијативата е на Гордана Лолеска. Промоцијата ќе ја одржи „СТОП СМА Македонија“ на 28 февруари во EU House Скопје во 16:30.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денес, македонската поштенска историја испиша уште една златна страница. Од печат официјално излезе осмата поштенска марка посветена на децата со Спинална мускулна атрофија (СМА). Ова не е само филателистички успех, туку симбол на една долгогодишна, нескршлива борба за живот и гласно препознавање на реткоста, информираа денеска од здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид.

— реклама —

Како што наведуваат од здружението, Македонија, преку овој проект, веќе осум години по ред во месецот на ретките болести, го потврдува својот статус како прва и единствена земја во светот која преку поштенските марки ја пренесува пораката на овие храбри дечиња.

— реклама —

Иницијативата е на Гордана Лолеска, која како вработена во АД Пошта и претседател на здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид, својата професија ја претвори во најсилна алатка за општествена одговорност.

— реклама —

Секоја марка што ја издаваме е ветување дека овие деца нема да бидат заборавени. Како вработена во Пошта, гордa сум што мојот професионален дом стана засолниште на хуманоста. Овие 8 марки се нашиот заеднички крик дека ‘Ретко е да си редок’, но токму во таа реткост лежи најголемата сила. Македонија денес повторно е пример за целиот свет,“ изјави Лолеска.

Од здружението потенцираат дека оваа серија поштенски марки низ годините стана мост меѓу институциите и граѓаните, докажувајќи дека секоја испратена пратка со оваа марка е глас за поддршка, надеж и подобра иднина за децата со СМА.

Свечената промоција на поштенската марка ќе ја одржи здружението „СТОП СМА Македонија“ во сабота (28 февруари) во EU House (ЕУ Куќа) во Скопје, со почеток во 16:30 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања