Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Издадена потерница по убиецот на Мартин Нешковски, Игор Пасов пребегал во Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
igor-spasov

Игор Спасов, полицаецот кој го уби Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, е пребеган во Турција, објави локалниот Канал 77, а Штипскиот суд издал потерница по осудениот на 14 години затворска казна пред да ја доотслужи истата.

— реклама —

— реклама —
Според неофицијални информации, тој веќе ја напуштил државата, а избегал преку нелегални канали и во странство е под туѓ идентитет. Тој го искористил периодот на привремен отпуст за да го организира бегството од државата. Во ова, како што се дознава, голема помош имал од некогашните негови колеги полицајци.

– Игор Спасов е недостапен на органите на прогон. СВР Штип го извести Судот дека тој е недостапен и е во бегство, поради што Судот веднаш издаде согласност за издавање на потерница за негово пронаоѓање на територијата на Република Северна Македонија, изјави Јулијана Неткова, портпарол на Основниот суд од Штип.

— реклама —

Од денеска се бара со потерница на територијата на Република Северна Македонија, а не се исклучува можноста за брзо време таа да биде и меѓународна.

— реклама —

Спасов не беше в затвор затоа што се лекуваше, повеќе од една година. Судот му го продолжувал прекинот во неколку наврати. Последен пат отпустот му беше продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога требаше да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања