Изет Меџити остро го нападна македонскиот премиер: Ѝ се потчини на Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Screenshot-2023-08-22-at-17.54.21

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, реагираше на изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина, по тензиите што ги создаде српскиот министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, пишува ТВ21.

— реклама —

Меџити вели дека Вучиќ ја вклучил Македонија во „српскиот свет“, а премиерот Ковачевски докажал дека се потчинил на Србија.

— реклама —

„Вучиќ може да мисли што сака, но Ковачевски, како премиер на мултиетничка Македонија и моментално со отворени проблеми со ЕУ, за немање уставни измени и кој три години по ред ја убедуваше јавноста дека обезбедија 80 гласови за уставните измени, тоа е едноставно луксуз и штетна политичка авантура за Северна Македонија. Во моментот кога има сериозни предупредувања од меѓународната заедница дека може да и се воведат санкции на Србија доколку не воведе санкции кон Русија, да се сретнеме и да кажеме дека сè блеска во односите меѓу Србија и Северна Македонија, се плашам дека тоа може негативно да се одрази и на меѓународно и на домашно ниво“, вели Меџити.

— реклама —

„Ова несомнено ја одвојува Северна Македонија од другите соседи, особено од Бугарија, Косово и од ЕУ“, заклучува Миџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања