Пожарите во општина Сарај, кои зафатија ниска вегетација кај Горно Свилари и од Радуша кон селото Дворце, се целосно изгаснати во раните утрински часови, а на терен останува надзор за спречување повторно разгорување.
-Пожарите во општина Сарај, едниот кон Горно Свилари (ниска вегетација) и вториот од Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација), се изгаснати во раните утрински часови од страна на БППЗ на Град Скопје.
На терен интервенираа 5 екипи со 5 противпожарни возила, како и 2 специјализирани возила на ДЗС за гаснење на пожар на отворен простор. Во моментот нема активен отворен оган, а се забележуваат само точкасти чадења во внатрешниот согорен дел, кои не претставуваат опасност од ширење на пожарот.
Состојбата се следи активно од страна на Главниот штаб, и доколку дојде до ново разгорување, интервенирањето ќе биде правовремено и целосно, информира ЦУК.