Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Изгласан Законот за попис, ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе бара поништување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
konstitutivna-sednica3

Собранието го изгласа законот за попис. По 19 години во април ќе се одржи попис на населението. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва.

— реклама —

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања