„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Изгласани измените на Кривичниот законик, дел од постапките на СЈО паѓаат во вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во Собранието се излгасаа измените на Кривичниот законик со 63 гласа „за“ и 1 воздржан. Ова значи дека ќе се менува членот 275-в, по кој се обвинети повеќе лица од страна на СЈО. За време на гласањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

— реклама —

Со овој член директно се влијае врз некои предмети на СЈО, кои се во судска постапка.

Пратениците во скратена постапка во Комисијата за политички систем, во отсуство на колегите од ВМРО-ДПМНЕ се договорија да влезат во втора фаза измените на Кривичниот законик во кој засега остана спорниот член 275-в. Со него би им се намалиле казните на дел од осудените во предметите на СЈО, поконкретно во предметот Труст. Таму се осудени на затворска казна бизнисменот Сеад Кочан и синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василие.

— реклама —

Попладнево, шеснаесет граѓански организации споени во иницијативата „Не во мое име” до претседателот на Собранието, Талат Џафери, и до пратениците кои се предлагачи на измената на Кривичниот законик поднесоа барање да се повлече точката за измена на овој закон од дневниот ред.

„Итно повлекување на точката за промена на Кривичниот законик со којшто сметаме дека ќе овозможат најголем број од обвинетите во предмети на специјалното јавно обвинителство да имаат намалени казни или нивните обвиненија да застарат. Тој факт нè вознемирува многу. Се боревме за правда за да има мир. Нè вознемируваат овие измени, сметаме дека ова е неприфатливо за да се прават промени на закони за да се оневозможи правдата”, рече Фани Каранфилова-Пановска од Фондација „Отворено општество“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања