Неподвижно лице загина во пожар, кој пеплоса став во скопски Аеродром. Утрово во 06.33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.
Од МВР посочуваат дека загина 76-годишно лице со иницијали Г.Б.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила.
„Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови. Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице“, велат од ЦУК.