На 25.03.2019 во 10.20 часот во Полициското одделение Групчин, вработен во ЕВН -Тетово пријавил дека на 24.03.2019 во село Копачин Дол настанал пожар во нива, при што горела површина од 2.000 метри квадратни сува трева и нискостеблеста шума. Во пожарот изгореле две дрвени бандери од висина од 12 метри од 10 киловатен извод Стримница- Дервент. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.
На 25.03.2019 околу 13.00 часот било пријавено дека во атарот на село Дулица, Македонска Каменица, на место викано „Јуковска маала“, настанал пожар во кој биле зафатени околу 15 хектари нискостеблеста дабова шума. Во 17.15 часот пожарот бил изгаснат од екипи од Шумското стопанство и Територијалната противпожарна единица.