„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Изгореа домови на семејства со малолетни деца: Глетката беше страшна, среќа што навреме ги извлекоа дечињата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar

Во пожарот што се случи во неделата во социјална зграда во Берово изгореа два стана на семејства со малолетни деца.

— реклама —

Глетката за време на пожарот, како што тврдат очевидци била страшна и само присебноста на пожарникарите и полициските службеници спасиле вистинска катастрофа. Тие навреме ги извлекле малолетните дечиња од нивните домови. Во моментот семејствата кои останаа без својот дом, како што информираше сосетка на опожарени семејства, ноќта ја поминуваат во неколку околни објекти без основни услови за живот.

-Страшно беше овде во неделата, се спасуваше жива глава во домот на Шехерзад Арифовска и Сенад Чиндаровски. Поради тоа што мораше итно да се реагира и два други стана се оштетени. Среќа што се спасија дечињата, вели нивната сосетка, Мерлина Зекировска.

— реклама —

Додава дека семејствата, ноќите по пожарот ги поминале вон секакви човечки услови.

-Едното од семејствата спиеше во плевна, а бидејќи се им изгоре во пожарот, останатото семејство немаше ниту едно ќебе да се покрие во текот на ноќта, додава Зекировска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања