Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Изгореа возила, трактор и огревни дрва: Михаилов предупредува на можно подметнување на пожарот во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryt51p9iinv70sf5jLdOE

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пожарот што денеска избувна во близина на расадникот и складот на ЈП „Македонски Шуми“ во Куманово беше еден од најсериозните во текот на денот, при што целосно изгореле две моторни возила, еден трактор и одредена количина складирани огревни дрва. Ова преку објава на Фејсбук го соопшти заменик-директорот на ЈП „Македонски Шуми“, Кире Михаилов, кој предупреди дека постојат сериозни индиции оти пожарот е намерно предизвикан.

„Иако е релативно рано, сепак, месецов јуни годинава го "преживуваме" со околу десетина пожари на отворен простор дневно, а некогаш дури околу петнаесетина.

Во текот на денешниов ден имаше 12 пожари, од кои дури 3 пожари во Кумановско и тоа овој кај нашиот расадник, еден кај Бедиње и еден кај Режановце.

Пожарот во близина на расадникот, покрај тоа што "чудесно" се појави на двете страни и покрај широкото речно корито на реката Кумановка, нашите служби алармираа дека на местото на пожарот има мирис на бензин или улје, што само по себе алармира дека некој најверотно нешто намерно прави.

— реклама —

И самиот градоначалник на Куманово пред малку излезе со јавен јасен став дека не само овој, туку и останатите 2 пожари кои ги имаше денеска во кумановско се од човечки фактор.

Покрај пожарите во кумановско, до 18 часот денеска сеуште беа активни и пожари на депонијата во Пехчево, пожар помеѓу селата Тркање и Бање во Општина Чешиново-Облешево и пожар во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип.

— реклама —

Под контрола е ставен пожар кај селото Дворци во Општина Пласница, каде што во текот на денешниот ден горела депонија.

Исто така, во текот на денешниот ден целосно се изгаснати уште 6 пожари на подрачјата на општините Валандово, Инџиково, Старо Нагоричане, Врапчиште, Свети Николе и Дебар.

— реклама —

Почетокот на оваа најавено релативно жешка сезона ни најавува дека одредени наши сограѓани повторно како и во минатото имаат намера да си играат со нервите, но пред се останато, со здравјето на нашите сограѓани

Како и да е, ние остануваме максимално посветени да се бориме со сите предизвици кои не очекуваат во периодов кој следи.“, вели Михаилов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynedo6bj77csd8XzEiFN

До 18 часот осум пожари на отворено, активен остана само еден

Македонија | пред 2 дена

media-libraryb19pfkdrmifv5yIs8MB

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворен простор, активен е само еден

Македонија | пред 3 дена

media-libraryuveabf1j82j5dxZ9cgU

Пожарот кај Добрашинци е под контрола, продолжува затрупувањето на депонијата

Македонија | пред 3 дена

media-librarynedo6bj77csd8XzEiFN

До 13 часот регистрирани пет пожари на отворен простор, два сè уште активни

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања