Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Изградба на нов покрив на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино, општина Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ се отпочна со реализација на проектот за реконструкција односно, замена на кровната површина на централното училиште во Кадино.


— реклама —

Во рамки на проектот предвидена е целосна замена на постоечката кровна површина на централното училиште, ќе се изврши отстранување на старите салонитни табли кои содржат азбестни компоненти, отсранување на хоризонтални и вертикални олуци, поставување на кровен покривач од пластифициран валовит лим. Воедно ќе се изврши и набавка и поставување на хоризонтални и вертикални олуци, опшивки кај вентилациони канали и поставување на снегобрани.

— реклама —


Увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на училиштето, Јовче Петковски, кои констатираа дека работните активности се одвиваат според предвидената динамика. Притоа со оваа замена на кровната конструкција ќе се опфати површина од околу 1600м2 на објектот и ќе се обезбеди хидротермичка изолација. Со тоа ќе се спречи протекувањето на стариот кров и оштетување на внатрешните простории во оваа образовна институција.

— реклама —

ООУ „Ристо Крле“ е изградено пред 44 години, за прв пат се врши замена на кровната површина, а заедно со подрачните објекти во населените места Мралино и Бунарџик учат вкупно 320 ученици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања