Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Изградбата на колекторски систем за фекална канализација во Општина Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
DSCN0481

Општина Илинден започна со реализација на приоритетниот проект за изградба на колекторски систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и стопанските објекти во Илинден и Марино со должина од околу 5000 метри, како и изградба на пречистителна станица со капацитет од 2500 еквивалент жители.

— реклама —

Колекторскиот систем се гради покрај Главниот отворен канал, којшто поминува низ средината на населените места Илинден и Марино. На системот ќе имаат можност да се приклучат околу 700 домаќинства.

— реклама —

За реализација на Проектот за изградба на колекторскиот систем за фекална канализација се планирани 46 милиони денари, сопствени средства обезбедени од буџетот на општина Илинден.

— реклама —

Согласно планираните активности, градежните работи за изградба на колекторскиот систем ќе се комплетираат заклучно со месец септември 2021 г.

— реклама —

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски истакна дека и покрај актуелната состојба со Ковид 19 работните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, со реализацијата на овој приоритетен проект, повеќе од 60% од домаќинствата во општина Илинден ќе бидат приклучени на систем за фекална канализација со пречистување на отпадни води.

- Изградбата на фекална канализација со пречистителни станици е еден од приоритетите во стратешките цели на општина Илинден и претставува капитална инвестиција. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од витално значење за локалниот економски развој, унапредување и заштита на животната средина како и подобрувањето на квалитетот на живеење, истакна градоначалникот Стојановски.

Досега во општината изградена е канализациска мрежа во вкупна должина од повеќе 30 000 метри, како и изградени се 5 пречистителни станици, во 4 населени места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања