Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Изградена трим-патека во општина Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Изградена и уредена е трим-патека, која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци. Патеката е во должина од 5 километри и наменета е за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам.


— реклама —

Поставени се две информативни табли во населените места Ајватовци и Бучинци, трим-патеката е обележана со патокази по целата нејзина должина, на неколку локации поставени се летниковци со клупи за одмор, како и канти за отпадоци.

— реклама —


Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Советот, Верче Мицевска, и директорот на ЈКП „Илинден“, Борче Мицановски, ја посетија трим-патеката и истакнаа дека со изградбата се овозможува поголема искористениот на туристичкиот потенцијал, кој го поседува Ајватовци, и од големо значење е за оние граѓани што имаат спортски и авантуристички дух.

— реклама —

„Проектот за изградба на трим-патеката е предвиден и во стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите. Општина Илинден упатува апел до сите посетители на оваа рекреативна локација да бидат внимателни, да се грижат за поставените реквизити, со цел да ги користат повеќе генерации“, велат од Општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања