На 21.04.2019 година во 13.45 часот на ул.„Ужичка“ во Кичево, Р.Ц.(56) од Кичево, управувајќи патничко возило„Лада нива“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб. Р.Ц.се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.