„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Изгубиле пари во казино, почнале да ги кршат апаратите, па со бензин го запалиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
canmathshelp

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривични дела – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 18 март, во казино на улицата „Илинденска“ во Тетово, двајцата осомничени започнале да играат на апаратите за среќа. Откако изгубиле поголема сума пари, најпрвин започнале вербална расправија со припадниците на агенцијата за обезбедување на објектот. Потоа со столици и други предмети започнале да ги кршат апаратите и инвентарот во казиното. Обезбедувањето пријавило во полиција, па на местото дошле и двајца полициски службеници.

Осомничените се вратиле во објектот со пластични шишиња со бензин. Полициските службеници ги предупредиле да не влегуваат во објектот, но наредбата не ја послушале. Напротив, кон полицајците упатиле погрдни зборови и закани дека ќе ги запалат. Оттурнувајќи ги полициските службеници, осомничените започнале да истураат бензин врз тепихот, предметите, но и врз присутните полицајци и припадници на обезбедувањето. Го запалиле бензинот со запалка, по што избувнал пожар во внатрешноста на казиното, а од огнот бил зафатен и дел од униформата на еден од полициските службеници. Веднаш потоа осомничените го напуштиле местото на настанот.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, по што со решение на Судот им е определена мерка притвор во траење од 8 дена. За едниот осомничен мерката е веќе ефективна, додека за другиот ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања