Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Излезе на виделина прљавиот веш на власта - избрале компанија за шиење гаќи да врши надзор на изградба на коридори, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
grubi-kovacevski

Скандалот со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д го извади на виделина прљавиот веш на власта на Груби и Ковачевски. Овој пат буквално, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Груби и Ковачевски доделуваат тендер за надзор тежок 22 милиони евра во кој клучна е фирмата „Електра Солушн“ која до неодамна се занимавала со производство на гаќи и која лиценца за А надзор извадила дури откако тендерот бил во тек.

— реклама —

Оваа компанија која до скоро произведувала гаќи и долна облека немала никакво искуство за надзор на изградба на патишта, а ќе добие најголем дел од овој тендер, односно 8,3 милиони евра.

— реклама —

Дополнително оваа компанија е во сопственост на синот Андон Ампов, и седиштето во Велес го дели со Институтот за патишта - Велес на братот Сотир Ампов - Помладиот, кој е добитник на првиот тендер за надзор, кој заради руската врска беше поништен. Да биде уште посомнително „цимер“ им се хрватската фирма ИГХ со руски капитал, како што сам кажа и Груби.

Груби и Ковачевски овие информации воопшто не ги тангираат, што отвора сомнеж дека знаеле дека се работи за контроверзна компанија и сепак ја ангажирале.

Јавното обвинителство нека не изигрува смоквин лист кој го покрива срамниот скандал на Груби и Ковачевски. Разголен е веќе целиот план на оваа власт. Овде смрди на криминал и корупција. Јавното обвинителство треба веднаш да отвори постапка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања