Промени тема
Контакт

Излезе од печат книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Slave

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика “ од авторот Димитар Пандев.

— реклама —

Во книгата на 370 страници се поместени осврти, текстови и други објави од книжевната критика за поезијата, книгите и творештвото на овој истакнат охридски и македонски поет, кои се напишани од страна на врвни писателски имиња од Македонија од странство.

— реклама —

„Славе Ѓорго Димоски продолжува да твори. Овој преглед е само мал заглед во она што критиката љубопитно го кажала за него , зошто не е тој обичен, секојдневен поет. Има нешто митско во него самоиот и во неговата поезија. Имам нешто трајно во неговото „продолжува“ што продолжува да изненадува со нови стихови и стихозбирки, пишува во предговорот на книгата, авторот Димитар Пандев.

— реклама —

Славе Ѓорго Димоски е роден на 18-ти март 1959 година во Велестово. Член е на македонскиот ПЕН центар. Автор е на четиринаесет книги поезија, пет книги за деца, четири книги со есеи, а дваесет посебни изданија му се преведени на повеќе јазици. Одделени песни и поетски циклуси се преведени на триесет јазици.

— реклама —

Промоцијата на изданието „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ ќе се одржи на 24.03.2023 (петок) во големата сала на општина Охрид со почеток во 12 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања