До сега излегле 49,29 проценти од избирачите заклучно со 18-30 минути. Во Аеродром е 49,23 отсто, кажа Даштевски претседател на ДИК, како општина која има поголема излезност во Скопје. Слично е и во другите скопски општини како Ѓорче Петров и Бутел. Карпош излезноста е 49,51, Кисела Вода е 49,44 отсто.
На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.
„До крајот на гласањето очекуваме да се зголеми бројот на гласачи за неколку отсто“, рече Даштевски.