Изложба на графики, цртежи и колажи од Слободан Радојковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

Културно-информативниот центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на графики, цртежи и колажи од академскиот графичар Слободан Радојковиќ (Србија).

— реклама —

На прв поглед станува збор за три различни наративи, циклуси, со кои Радојковиќ ѝ се представува на ликовната публика. Но тоа е привид, зашто сите три циклуси (Лулиња и чешли, Колиби и дождови, Мрежи), без оглед што се создавани во различни временски периоди, тие се тесно поврзани со потребата на Радојковиќ да ја надмине конечната форма и визуелната представа, при тоа ослободувајќи се од стварноста и преминувајќи во состојба на оностраното-на нешто што е повеќе од слика по себе, што преминува во метафора со која се напушта она што се гледа, и она што е вообичаен тек на нештата.

— реклама —

Колибите и дождовите, Мрежите, Лулињата и чешлите, се наметнуваат како прибежиште на човечкиот ум од хераклитовскиот тек на стварите, според кои моментите сместени во различни временски мигови, не можат да се доведат во врска.

— реклама —

Срѓан Марковиќ

***

СЛОБОДАН РАДОЈКОВИЌ e роден 1967 во Ниш, Србија. Дипломирал на ФЛУ Скопје во 1992 г. Постипломски студии завршува на ФЛУ Белград, Србија во 1996г, а на истиот факултет докторира во 2016г. Работи како професор по графика на ФЛУ Ниш, Србија. Од 1993 г. е член на Здружението на ликовни уметности на Србија – УЛУС. Има реализирано 25 самостојни изложби во Белград , Ниш, Пирот, Приштина, Прокупље, Кикинда, Смедеревска Паланка, Краљево, Крагујевац , Софија (Бугарија),Хјустон (САД), Бања Лука (БиХ), Николет (Канада),Котор (Црна Гора) Верчели, Вербанија, Карнаго (Италија) и Берн (Швајцарија). Од 1993 учествува на повеќе од 350 групни изложби низ целиот свет. Некои од најпознатите излагања се во Белград, Ниш, Скопје, Солун, Токио, Харков, Софија, Пловдив, Буенос Аирес, Кочи, Мјанмар, Прага, Париз, Свонси, Александрија, Мексико Сити и др.

Изложбата ќе биде отворена до 04.07. 2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања