Изложбата „In Between“ на Иван Ивановски во Гуанжу го продлабочува културниот дијалог меѓу Македонија и Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-library09fu9koi2lkhdYBUasj

Во кинескиот град Гуанжу, во саботата, на 8. ноември годинава, беше отворена изложбата „In Between“ на македонскиот визуелен уметник Иван Ивановски, поставена во престижниот Guangdong San Ta Museum of Art. Настанот, кој привлече значително внимание во тамошните уметнички кругови, е дел од програмата за културна размена меѓу Северна Македонија и Народна Република Кина.

— реклама —

Куратор на проектот е Александра Ацеска, а изложбата е реализирана во соработка меѓу „Фликер студио“, Зенг Чуан и Чен Хуе Бин, со коорганизатор Жанг Веи. Поддршка пружи и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Уметничката поставка е збогатена со оригинална музика на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), специјално создадена за оваа прилика.

— реклама —

„In Between“ е, според авторот, интимно и концептуално патување – премин помеѓу реалности, култури и емоционални состојби. Делата го истражуваат односот меѓу индивидуата и општеството, менталитетот на масата и границите меѓу објективното и субјективното. Секое дело стои самостојно, но во заеднички контекст тие создаваат визуелна и симболична целина што го преиспитува начинот на кој се доживува идентитетот и перцепцијата.

— реклама —

Настанот ја продолжува линијата на културна соработка меѓу двете земји. Минатиот месец, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа маестрален концерт во Хонг Конг, претставувајќи го проектот „Македонисимо“, со кој ја донесе македонската музичка традиција на азиската сцена.

Со изложбата на Ивановски, македонската современа уметност добива ново поглавје во своето меѓународно претставување, а соработката со Кина се продлабочува низ културен дијалог што ги спојува двете земји преку уметност, музика и креативност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања