Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Измама во Штип: Лице му понудило дрва, тој ги платил и избегал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pari-za-izjava

На 12.03.2019 во 13.15 часот во Полициската станица Штип, С.И.(68) од Штип пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот бил измамен од непознато лице.

— реклама —

Според пријавеното, лицето дошло во неговата куќа и му понудило огревни дрва со документи, но кажал дека камионот му бил паркиран во насeлба Сењак во Штип и тргнале да ги видат дрвата.

— реклама —
— реклама —

Исто така, според пријавеното, во еден момент непознатото лице му кажало на С.И. да почека и дека тој ќе дојде со камионот.

— реклама —

Во меѓувреме, лицето отишло во неговиот дом и од неговата сопруга побарало 11.000 денари за дрвата. Таа му дала 11.000 денари, по што лицето заминало. Откако С.И. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања