Промени тема
Контакт

Измамил кавадарчанец и во негово име подигнал кредити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kreditni_karticki_1_151010-600x450

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга и А.С.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски системи“. Првопријавениот П.С. во септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа „Фејсбук“, довел во заблуда 26-годишник од Кавадарци и успеал да дојде до неговите лични податоци, кредитна картичка и трансакциска сметка. После тоа, податоците ги искористил за подигање на кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и за онлајн нарачки од различни продавници. Паричните средства и производите завршиле на адреса кај второпријавената А.С. од Скопје, сопруга на првопријавениот, кој се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања