Измамник прави хаос во Скопје, внимавајте: Се претставува како д-р Дејан и досега покраде од десетици угостители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sparkling-glassware-stands-long-table-prepared-wedding-di

Дејан, доктор Дејан, Дејан Николовски. Ова се само дел од идентитетите на лицето кое измами десетици угостители во Скопје. Закажува лажни прослави, нарачува скапи пијалаци и го снемува, бара да изнајми маси и столици од Скопје за во други градови кои наместо за прослава, завршуваат на адреси кај луѓе на кои никогаш не им требало таква услуга. Овие случаи се само дел од оние за кои дозна „А1он“, а се случувале изминатиот период.

— реклама —

Последниот од низата случаи бил вчера. Лицето кое се претставило како доктор Дејан Николовски, се јавил во еден кетеринг сервис во Скопје. Нарачал услуга за 90 лица, за кои кажал дека треба да гледаат фудбал во кругот на Марков Манастир. Му било побарано однапред да плати за услугата преку уплата на сметка, а измамникот кажал дека е сабота и поради фактот што банките се затворени, не може да го направи тоа и сакал да плати во готово. Тоа му било овозможено. И тука почнала сагата со нарачката на пијалаци и тоа скапи шишиња шампањ.

— реклама —

Кога доставувачот на пијалаци тргнал да му доставува роба, бил контактиран од измамникот кој се претставил како Дејан. Од него имало молба, пред да се упати кон Марков Манастир, во центарот на Скопје да остави околу 200 евра кај лице кое наводно требало да се погрижи за декорацијата на забавата. Доставувачот, добил уверување дека штом го достави пијалакот, ќе му биле платено, а со тоа и вратени 200-те евра. Парите биле оставени во Аеродром, во близина на Тобако. Ги земал возрасен човек. По ова Доставувачот тргнал кон Марков Манастир, а кога го побарал измамникот за да му посочи каде точно треба да застане – бројот веќе бил недостапен. Тука тој сфатил дека станува збор за измама.

— реклама —

Целиот ткест можете да го прочитате тука

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања