Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Изменет сообраќаен режим за Водици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
133474234-105843-207971

На 19.01.2020 поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром.

— реклама —

Во периодот од 10.00 часот, па до завршување на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и од Кеј „13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10.00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

— реклама —

Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања