Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Изменет возен ред на ЈСП за време на празниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Од ЈСП Скопје информираат дека по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот.

„На 31. декември (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред.

— реклама —

На 1. јануари (вторник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од 2. јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред.

— реклама —

Но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 2. јануари ќе биде редуциран.

— реклама —

На 7. јануари (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.

Ноќните линии на 31. декември (понеделник према вторник) ќе работат по возен ред како во сабота према недела.

Жичницата на Водно нема да работи на 31. декември (понеделник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот.

На 1. јануари (вторник), жичницата ќе почне со работа од 11 часот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања