Измени на сообраќаен режим во Скопје , поради најавен протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
stop-policija

На 30.08.2020 (недела) СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје поради најавен протест кој треба да почне во 17,00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски“ и ќе продолжи по бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“ до пред Собрание на Република Северна Македонија.

— реклама —

Затворени за сообраќај од 15,00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул.„Кирил и Методиј“, бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„11-ти Октомври“, ул.„Македонија“ и ул.„Даме Груев“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бул.„Партизански Одреди“, ул.„Павел Шатев“, ул.„Антон Попов“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања