Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Измени во сообраќајот поради велосипедска трка и планинарска тура: Еве кои улици ќе бидат затворени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Дел од улиците низ главниот град денеска ќе бидат затвори, за што ќе биде организиран посебен режим на сообраќај поради одржување на два спортски настани, поточно велосипедска трка и планинарска тура.

— реклама —

„На 17.05.2026 (недела), во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“.

Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор Александров“, а потоа по локалниот пат кон Средно Водно и до врвот на Водно (Милениумски крст).

Воедно, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи и планинарска тура, која ќе стартува пред ООУ „Кочо Рацин“ на бул. „Мајка Тереза“, ќе продолжи по ул. „Тодор Александров“, а кај ул. „Салвадор Аљенде“ учесниците ќе се движат десно по планинската патека кон Средно Водно и понатаму кон врвот на Водно (Милениумски крст)“ се посочува во објавата на МВР.

— реклама —
— реклама —

Од таму додаваат оти, поради одржувањето на настаните, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно реализирање на истиот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhu1lee38jo6tabOIpMV

Пронајдени пиштоли и куршуми во Скопје, приведени две лица

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryvb1696v4qk7262H79a6

МВР санкционира 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум поради неисправни светла

Македонија | пред 4 часа

media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да создава хистерија за да предизвика страв и несигурност кај граѓаните, ЈО да реагира

Македонија | пред 6 часа

media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Ѝ се заканувал дека ќе ги испрати нејзините експлицитни фотографии на семејството ако не му даде пари и не прифати сексуален однос со него

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања