Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Измени во возниот ред на линијата 25 која сообраќа до Средно Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
11170295_646187062178487_3506413957551131951_o

Од претстојниот викенд (23-24.02.2019 година) ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно). На посочената линија во ударните термини ќе возат по уште 2 автобуса за разлика од досега.

Притоа, редуцирани ќе бидат термините на поаѓања на линиите 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно).

Измените во возниот ред се должат на анализите направени на ЈСП Скопје и Град Скопје, при што беше утврдена преоптовареност на автобусите на линија 25, односно постои зголемен интерес на граѓаните за користење на јавниот превоз до Средно Водно од почетната станица од Транспортен центар.

Истовремено, пак, помал број на граѓани од очекуваните користеле јавен превоз до Средно Водно со линиите 25А и 25Б, со почетна станица од Автомакедонија/Стара железничка станица и од Дом на печат.

Да потсетиме дека користењето на линиите 25, 25А и 25Б се бесплатни за време на викенди и државни празници. Одлуката ја донесе Град Скопје со цел за помасовно користење на јавниот превоз за транспорт до Водно, со дестимулација за користење автомобили, како една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Линијата 25 функционира секој ден, освен во понеделник, а 25А и 25Б сообраќаат само за време на викенди и државни празници.

Во прилог е возниот ред на линиите 25, 25А и 25Б со важност од сабота (23.02.2019 година).

Возниот ред ќе важи секој викенд и државен празник.

ВОЗЕН РЕД 25 (Транспортен центар-Средно Водно)

— реклама —

Транспортен центар-Средно Водно

8 ч, 9 ч, 9.40 ч, 10 ч, 10.20 ч, 10.50 ч, 11.20 ч, 11.50 ч, 12.20 ч, 12.50 ч, 13.20 ч, 13.50 ч, 14.20 ч, 14.50 ч, 15.20 ч.

Средно Водно-Транспортен центар

8.40 ч, 9.40 ч, 10.40 ч, 11.10 ч, 11.40 ч, 12.10 ч, 12.40 ч, 13.10 ч, 13.40 ч, 14.10 ч, 14.40 ч, 15.10 ч, 15.40 ч, 16.10 ч, 17 ч.

*ВОЗЕН РЕД 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно)

— реклама —

Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно

9.10 ч, 10 ч, 11 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч.

Средно Водно-Автомакедонија/Стара железничка станица

9.30 ч, 10.30 ч, 11.30 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч.

— реклама —

ВОЗЕН РЕД 25Б (Дом на печат-Средно Водно)

Дом на печат-Средно Водно

9.15 ч, 10.15 ч, 11.15 ч, 12.15 ч, 13.15 ч, 14.15 ч, 15.15 ч.

Средно Водно-Дом на печат

9.45 ч, 10.45 ч, 11.45 ч, 12.45 ч, 13.45 ч, 14.45 ч, 15.45 ч.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања