„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Измени во законот за државно градежно земјиште за заокружување на децентрализацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zemjiste

Mинистрите во Владата го усвоија Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште кој има за цел на подобар и поефикасен начин да се уреди управувањето и располагањето со градежното земјиште.

— реклама —

Дел од новите решенија во предлог законот утврдуваат дека отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на државата по пат на електронско јавно наддавање ќе се врши само на уредено градежно земјиште и ќе содржи дополнителни конкретни податоци кои ќе допринесат за подобро запознавање на купувачите со нивните права и обврски во иднина. Договорите за купопродажба на градежно земјиште по пат на јавно наддавање во целост ќе ги содржат сите предвидени податоци од Објавата за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за да се придонесе за постабилен пристап во евентуалните судски спорови.

Со новиот предлог закон градежно земјиште во сопственост на државата, се заокружува процесот на децентрализација во поглед на вршењето на работите на општините, општините во град Скопје и градот Скопје, и се олеснува процесот за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања