Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Измените во кривичниот законик се во полза на криминалците од власта и структури, тоа нема да им ги донесе уставните измени, велат ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Измените на кривичниот законик, кои ги изгласа власта, се ништо друго, освен амнестија на сите криминали, кои ги направија ДУИ и СДС, во минатите 7 години, на штета на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


„Исто така со овие измени, одредени структури, имаат за цел, да направат раздор во опозицијата, претставувајќи ги истите, како нешто веќе божем договорено.


— реклама —

Оваа теза падна во вода, по интервјуто на Али Ахмети, во кое тој истакна дека, заедно со Ковачевски и Груевски ги договарале овие измени.


За да издејствува уставни измени, владата има план да му вети кривична неказнивост во Унгарија на Никола Груевски за тој да се врати, уставните измени да поминат во Парламентот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ова е надежта од каде власта го влече оптимизмот кога вели дека можни се уставни измени.


Јасно е дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со амнестијата што помина во собранието


ВМРО-ДПМНЕ ги осудува овие заткулисни игри, кои имаат цел за спас на оние кои направиле криминал, на штета на народот.

— реклама —

Уставни измени нема да има“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања