Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Измерени до -12 степени во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222258

Во Берово изутрина во 7.00 часот се измерени – 12 степени, – 9 во Скопје-Петровец, Штип, Битола и Маврово, – 8 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица.Во Скопје Зајчев Рид, Лазарополе, Куманово и Дебар температурата изнесувала – 7 степени, – 6 во Охрид, -5 во Претор и во Крушево, -2 во Гевгелија, 0 во Дојран.

Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 11 сантиметри, а 4 на Попова Шапка.

— реклама —

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

— реклама —

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања